Бункер Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во согласност со долунаведените услови на користење. Условите на користење ги опфаќаат сите услуги и содржини на веб страницата. Користењето на оваа веб страница, во било кој капацитет, подразбира дека сте запознаени со овие услови. Користењето на оваа веб страница е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

 

Почитувани,

Ве молиме пред користењето на нашата веб страница, во било кој капацитет, со внимание да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале условите и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб страница.

Општи одредби

БУНКЕР ги поседува авторските права на сите содржини (текстуални, аудио – визуелни материјали, бази на податоци и кодови) кои се поставени на веб страницата. Тие може да се користат единствено со писмена дозвола од носителот на авторските права. Секое копирање, дистрибуција, објавување, поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Бункер е строго забранета. Прекршување на општите услови за употреба може да доведе до граѓанска постапка и гонење против сторителите за прекршувањето на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Бункер може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате промените во условите, поради што, Вие како корисник сте обврзани со нив.

 Податоци на корисникот

 Личните податоци кои ги проследувате до веб страницата со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување, било какви незаконски, експлицитни или материјали со навредлива содржина.

Сите информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа веб страница нема да се сметаат за доверливи и можат да се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за внатрешна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

Коментари

Бункер го задржува правото да ги отстрани пораките кои по содржината сметаме дека се експлицитни, навредливи или на било каков начин неприфатливи.

Плаќање

Плаќањето може да се изврши со VISA EC/MC или Maestro картичките или пак во готово.

Секоја направена трансакција подлежи на авторизација (период во кој парите на Вашата сметка се само резервирани, а не и повлечени од картичката), заради дополнителна потврда на достапноста на нарачаниот производ. Во работни денови авторизацијата се врши од 09:00 до 17:00 часот.

 

Достава

Рокот на испорака е до 5 работни дена.

Курирот пратката ја доставува на адресата наведена за испорака во период од 9:00 до 17:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаено е курирот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го навеле при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава на ваш трошок.

 

ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

За да можеме успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон за полесен контакт при доставата. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на Бункер дооел се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите купувачи.

На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.

Ги прибираме само онсовните податоци за купувачите и податоците кои се неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел обезбедување на квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите строго се чуваат и достапни се само за вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели ниту ќе ги проследуваме до трети лица. На купувачите им се пружа можност за избор за учество во Е-билтенот. Покрај овие податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производите на нашата страница, кои нашите посетители ги бараат и ги купуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите поедноставно користење и купување.

Информациите кои се внесуваат во полињата при плаќањето односно купувањето со Вашата платежна картичка не се сочувани или пак се пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на Халк банка со која соработуваме и која е серфитицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката.

 

ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ

Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.