Почитувани,

За да можеме успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон за полесен контакт при доставата. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на Бункер дооел се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите купувачи.

Ги прибираме само основните податоци за купувачите и податоците кои се неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел обезбедување на квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите строго се чуваат и достапни се само за вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели ниту ќе ги проследуваме до трети лица. На купувачите им се пружа можност за избор за учество во Е-билтенот. Покрај овие податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производите на нашата страница, кои нашите посетители ги бараат и ги купуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите поедноставно користење и купување.

Колачиња
Bunker.com.mk користи колачиња за да им помогне на купувачите да го прилагодат користењето на страницата кон сопствените потреби. Како и на Бункер дооел да ја прилагоди својата онлајн понуда. Тие се текстуален фајл кој се сочувува на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Тие не можат да стартуваат програми или да пренесат компјутерски вирус.

Согласност
Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Bunker.com.mk се обврзува дека ќе се придржува до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки по објавувањето на оваа страница.